Серија А

Серија А почнува со гостување на Пандев кај „неговиот“ Интер

Денеска почнува и Серија А, Горан Пандев и Џенова ќе му гостуваат на Интер во првиот меч од италијанската лига оваа сезона.

Горан Пандев го продолжи договорот со Џенова и веќе одигра едно полувреме во Купот на Италија, а денеска е во комбинација и за мечот со Интер.

Токму дуелот меѓу Интер и Џенова ја отвара сезоната во Серија А, тој натпревар и мечот меѓу Верона и Сасуоло започнуваат од 18:30 часот.

Интер е клубот кој го донесе Пандев во Серија А, а подоцна со нероазурите нашиот фудбалер ја освои историската тројна круна под водство на Жозе Мурињо.

Елмас очекуваме да добие поголема минутажа кај Лучијано Спалети и да има поважна улога во тимот на Наполи, ако се суди според подготвителните натпревари тоа треба да се случи.

Се очекува интересна сезона во Серија А, повеќе од половина тимови влегуваат со нови тренери, а во најдобрите тимови од лигата само Гасперини и Пиоли си ги зачуваа позициите.

Интресно ќе биде да се види како ќе функционира Рома на Жозе Мурињо, Португалецот се врати во Италија, а тоа дава посебен шмек не само на неговиот нов клуб, туку на целата лига.

Масимо Алегри се врати на кормилото на Јувентус, Симоне Инзаги ќе го предводи Интер кој ова лето остана без Лукаку и Хакими, Маурицио Сари е нов тренер на Лацио.

Серија А 1 коло:

Сабота:

18:30 Интер - Џенова

18:30 Верона - Сасуоло

20:45 Емполи - Лацио

20:45 Торино - Аталанта

Недела:

18:30 Болоња - Салернитана

18:30 Удинезе - Јувентус

20:45 Рома - Фиорентина

20:45 Наполи - Венеција

Понеделник:

18:30 Каљари - Специја

20:45 Сампдорија - Милан

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе