„Волчицата“ остана без освоен бод

Серија А не и прости на Рома за „случајот Диавара“, службено загуби од Верона со 3-0

Рома остана без бодот освоен на „Бентегоди" на отварањето на новата сезона, Серија А доделе службена победа за Верона од 3-0 поради административна грешка на гостите.

Серија А не и прости на Рома за административната грешка и „случајот Диавара“, „волчицата“ службено загуби од Верона со 3-0.

За дуелот на „Бентегоди“ на стартот од новата сезона, Рома го пријавила Амаду Диавара на листата за играчи до 22 години, но направиле превид, фудбалерот од средниот ред во јули наполнил 23 години.

Серија А ја известила Рома за оваа грешка, но никој од клубот не ја корегирал, па „волчицата“ сега остана без освоениот бод.

Од таборот на Рома најавија жалба, се правдаат дека ненамерно погрешиле, имаат четири слободни места на сениорската листа и место за Амаду Диавара.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе