За ист случај играч на Порто доби казна

Серхио Рамос призна дека намерно добил жолт картон, на потег е УЕФА

Серхио Рамос нема да настапи на реваншот против Ајакс поради жолти картони, капитенот на Реал Мадрид потврди дека намерно изнудил суспензија, а УЕФА казнува за тоа.

Реал Мадрид со 2-1 го победи Ајакс и направи огромен чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите.
 
Серхио Рамос доби жолт картон и нема да биде дел од реваншот.
 
„Би излажал ако би рекол дена не го направив тоа намерно. Не го потценувам Ајакс и нема да кажам дека е готово уште по овој меч, но потребен ми е одмор. Реваншот ќе го гледам од трибините“, изјави Рамос.
 
УЕФА го казни Хесус Корона од Порто кој призна дека во групната фаза намерно добил жолт картон.
 
Сега истото го направи Серхио Рамос, па се очекува реакција и на УЕФА.
 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе