Серхио Рамос е на излезна врата од Реал Мадрид, ПСЖ му нуди мега договор

ПСЖ сака да ја искористи ситуацијата на Серхио Рамос и со богата понуда да го ангажира дефанзивецот, додека Реал Мадрид не му го нуди на капитенот она што тој го бара.

Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона, тој од јануари и официјално ќе може да започне преговори со други клубови.

И покрај тоа што игра во фантастична форма, Реал Мадрид му нуди договор на Рамос од само една година со можност да биде продолжен на уште една доколку се исполнат одредени услови. Понудата е таква затоа што тој има 34 години и тие сметаа дека нема да може уште долго да игра на највисоко ниво.

Реал Мадрид размислува рационално, не сака да направи исклучок од својата трансфер политика, па без разлика што се работи за капитенот.

Таквиот став на Реал Мадрид не му се допаѓа на Рамос кој се повеќе гледа кон излезната врата од Сантијаго Бернабеу каде го чекаат многу подолги и побогати договори.

„АС“ дознава дека ПСЖ му нуди тригодишен договор на Рамос со плата од 20 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис бидејќи во францускиот клуб би пристигнал како слободен играч.

Понудата на ПСЖ е исклучително примамлива за 34 годишен фудбалер, но не се исклучува можноста за реакција и на клубовите како Манчестер Сити и Јувентус. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе