Куп на Македонија

Серафимов со гол во 92. минута го елиминираше Вардар, Струга ТЛ на пенали го исфрли Работнички

Вардар настрада од својот поранешен играч, Никола Серафимов со гол во 92. минута донесе победа за Академија Пандев од 1-0 и пласман во четвртфиналето од Купот, елиминиран е и Работнички кој на пенали загуби кај Струга Трим Лум. 

Фото: ФК Струга ТЛ
Натпреварот беше 0-0, се очекувше дека пенали ќе го решаваат победникот, но во 92. минута по еден корнер, Серафимов ја искористи лошата поставеност на вардаровата одбрана и постигна гол за победа на Академија Пандев од 1-0 и пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.
 
Елиминација доживеа и Работнички кој беше поразен на пенали од Струга Трим Лум, во регуларниот дел не беше постигнат гол. Пенал серијата почна со два промашени удари на стружани, романтичарите имаа водство од 2-0 по две серии, но во следните четири удари промашија дури трипати, а домаќините ги погодија сите и славеа со 4-3.
 
Пенали имаше и на дуелот меѓу Ренова и Пелистер. Битолскиот тим водеше со 2-0, но Ренова успеа да изедначи со два гола во финишот, а подоцна и да победи на пенали со 6-5.
 
Шкендија со 1-0 го совлада Гостивар, Шкупи со 5-0 беше убедлив против Кит Го, Македонија Ѓорче Петров беше најубедлива откако со 6-0 ја победи Каменица САСА, Силекс со 3-1 славеше на гостувањето кај Кожув, Беласица и покрај тоа што игра очајно во ПМФЛ, во купот оди понатаму откако со 1-0 беше подобра од Брегалница во Штип.
 
Куп на Македонија 1/8 финале:
 
Академија Пандев - Вардар 1:0
Брегалница - Беласица 0:1
Кожув - Силекс 1:3
Македонија ЃП - Каменица САСА 6:0
Ренова - Пелистер 2:2 (5:4 пен)
Шкендија - Гостивар 1:0
Шкупи - Кит Го 5:0
Струга ТЛ - Работнички 0:0 (4:3 пен)
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Струга ТЛ

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе