По ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите беше објавено дека ќе има промени за дуелот помеѓу Челси и Реал, односно првиот меч ќе се игра во престолнината на Шпанија а реваншот во Лондон со цел во Мадрид да нема два натпревари во исто време од елитното натпреварување.
Сепак, УЕФА попладнево ги откри саатницит на натпреварите и соопшти дека нема да има промени на редоследот. Челси ќе го пречека Реал Мадрид на „Стемфорд Бриџ“ на 6. април, а реваншот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 12. април.
Што се однесува до можноста да има публика на „Стемфорд Бриџ“, ќе бидат одржани состаноци во следниот период во обид да се изнајде решение. Томас Тухел вели дека противникот ќе има предност доколку Челси игра пред празни трибини и моли да им се дозволи на фановите да го следат мечот.
„Противникот ќе има предност. Во глобала, натпреварите се играат за навивачите. Многу е поразлично кога има навивачи на терените, се надевам ќе се изнајде некое решение. Сите во клубот и во бордот ќе се борат за шанса. Не знам какви шанси имаме. Повторувам, овие натпревари се за навивачите. Сосема е поразлично кога има публика на трибините“ – вели тренерот на Челси.