Доколку бидат исполнети одредени услови

Сепак има надеж за Барса? ПСЖ отворен за идејата да го испрати Нејмар на позајмица

Извор од Париз за Л'Екип вели дека целосно не ја отфрлаат идејата Нејмар да се пресели во Барселона на позајмица, но мора да биде исполнети одредени услови.

Лидерите на Барселона синоќа имаа средба на која требаше да ја состават финалната понуда за Нејмар која денеска или утре формално во пишана форма ќе биде доставена до ПСЖ.

Откако Филипе Кутињо беше испратен во Баерн Минхен, на сите им е јасно дека „каталонците“ имаат само една алтернатива: позајмица со право на откуп (некои извори велат дека опцијата ќе биде обврзувачка).

Во преговорите кои претходно се водеа кога на маса имаше неколку фудбалери за трампа, ПСЖ инсистираше да добие и одредена сума (околу 100 милиони евра) за да може да донесе соодветна замена за Бразилецот.

Па логично е шампионот на Франција и сега да го бара истото, но според пишувањата на Л’Екип, „светците“ би можеле да направат компромис.

„Отворени сме за зделка, но мора да бидат исполнети одредени финансиски услови. Формулата за позајмица со право на откуп не е целосно отфрлена во Париз, но сето тоа мора да биде реализирано под оредени услови“ - вели извор од ПСЖ за Л’Екип.

Сепак, Ле Парисиен има поинаква сторија и вели дека нема шанси ПСЖ да прифати позајмица. Весникот потенцира дека лошиот однос помеѓу двата клуба и нетрпеливоста која владее е главна пречка за реализирање на ваков трансфер.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе