Паднал договор помеѓу играчот и „кралевите“

Сензационален пресврт: Лаутаро наместо во Барселона, се сели во Реал Мадрид?!

Според пишувањата на Спортмедиасет, Интер и Реал Мадрид се во преговори за трансфер нa Мартинез, агентите на фудбалерот веќе си подале рака со „кралевите" за плата од 8 милиони евра по сезона.

Лаутаро Мартинез со месеци се поврзува со трансфер во Барса, но од Италија се најавува голем пресврт и преселба на Аргентинецот во редовите на лутиот ривал Реал.

Неговите агенти пред неколку дена беа во Барселона и на Интер требаше да му го презентираат новиот предлог на „каталонците“.

Но според пишувањата на „Спортмедиасет“, пред да тргнат за Милано, агентите застанале во Мадрид и сензационално си подале рака со Реал Мадрид за плата од 8 милиони евра. Наводно сето ова се чувало како тајна за Барселона да не се налути, Интер во следните денови треба да го ангажира Артуро Видал за беспари или симболична сума.

„Спортмедиасет“ додава дека Интер и Реал Мадрид работи на зделка од околу 100 милиони евра, односно „нероаѕурите“ со продажбата на Лаутаро Мартинез да ги покријат трансферот на Ашраф Хакими (40 милиони евра) и да приберат 60 милиони евра со кои ќе тргнат во офанзива по потписот на Нголо Канте од Челси.

Двата клуба исто така ја разгледуваат можноста Лука Јовиќ да биде дел од зделката, односно Србинот да се пресели на „Џузепе Меаца“ на позајмица со опција целосно да биде купен во иднина.

Останува да се види дали има вистина во ваквите гласини, или пак е само обид на агентите да извршат притисок за Аргентинецот да заврши на Камп Ноу. Се верува дека Лаутаро Мартинез со Барселона има договор за плата од над 10 милиони евра по сезона, но „каталонците“ не помислуваат да ја платат сумата која ја бара Интер.       

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе