На денот на независноста на Македонија

Сениорите на генералка во Грузија, младите по важни бодови на Фарските Острови

На националниот празник 8. септември, фудбалските репрезентации на Македонија играат важни натпревари, сениорите во Лигата на нации гостуваат кај Грузија, а младите играат на Фарските Острови. 

По победата над Ерменија, сениорската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот гостува кај Грузија во второто коло од Лигата на нации.
 
За фудбалерите на Игор Ангеловски ова ќе биде и генерална проба пред октомврискиот меч против Косово, а ако ги поминеме нив можеби токму Грузија ќе биде последниот противник за пласман на Европското првенство. Па овој меч се гледа и од тој апсект.
 
Македонија на овој меч ќе биде без Иван Тричковски и Кире Ристевски кои поради повреди отпаднаа од стројот. За разлика од мечот со Ерменија, се очекува Горан Пандев да почне од првата минута, но не и да го одигра целиот натпревар.
 
 
Три часа порано почнува натпреварот меѓу младинската репрезентација на Македонија и Фарските Острови.
 
Трите бодови од ова гостување се речиси неопходно за тимот на Благоја Милевски да ги одржи шансите за второто место во групата.
 
Фарските острови по пет меча имаат само три бода, но тие ги остварија против Израел кој ни е главниот ривал за тоа второ место кое може да носи на Европско првенство.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе