ПРОБЛЕМИ ЗА „КАТАЛОНЦИТЕ“

Семејството го советува Нејмар: Замини од Барселона, секогаш ќе бидеш во сенка на Меси

Според пишувањата на весникот Спорт, Нејмар би можел да замине од Камп Ноу поради се почестите и погласни совети од семејството за нова авантура

Нејмар ја започнува петатта сезона во дресот на Барселона, и исто како и во минатото, од време на време се појавуваат шпекулации за негово заминување.

Денеска на оваа тема се огласи каталонскиот Спорт, кој е близок до раководството на Барса.

Весникот пишува дека луѓе блиски до Бразилецот се почесто и погласно го советуваат играчот дека престојот во Барселона треба да биде привремен.

Дел од семејството му кажува на Нејмар дека мора да го напушти Камп Ноу доколку сака поголем успех и признание на индивидуално поле.

„Покрај Меси секогаш ќе бидеш втор, секогаш ќе бидеш во негова сенка” – е советот кој го добива напаѓачот.

Нејмар по преселбата во Барса ги освои сите можни титули, му недостасува само онаа најпрестижната на индивидулано поле, а тоа е „Златната Топка“

Во 2015 заврши како трет во изборот и покрај тоа што имаше трофеј од Примера, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Со 25 години, Нејмар е атрактивен за неколку клубови кои се спремни да платат преку 200 милиони евра и да ја активираат неговата откупна клаузула.

Бразилецот е дамнешна желба на ПСЖ, а како можна дестинација се и Манчестер Сити, Манчестер јунајтед па дури и Реал Мадрид.

Кога минатата недела беше запрашан за иднината, тој одговори: „Не знам што ќе се случи. Тука сум среќен и адаптиран, но се е можно”.

„Би можел да завршам во Манчестер јунајтед.... или пак Еибар”.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе