Дадено е зелено светло за мега трансфер

Семејството Глејзер ќе го смирува бесот на навивачите со 90 милиони и трансфер на Хари Кејн

Сопствениците на Манчестер јунајтед дале зелено светло за мега трансфер, „ѓаволите" подготвува понуда од 90 милиони фунти (околу 105 милиони евра) за услугите на Хари Кејн од Тотнем.

Бизнисмените од САД никогаш не биле омилени кај навивачите, кои изминатиов викенд протестраа и упаднаа на „Олд Трафорд“ во знак на револот на одлуката „ѓаволите“ да бидат еден од основачите на Суперлигата.

Тие бараат семејството Глејзер да се повлече од клубот и гласот на фановите да се слуша повеќе во иднина.

Неколку извори од Англија сега пренесуваат дека семејството Глејзер сака да се искупи кај навивачите и да го намали нивниот бес, па дадено е зелено светли за мега трансфер.

Манчестер јунајтед со 90 милиони фунти (околу 105 милиони евра) ќе тргне по потписот на Хари Кејн од Тотнем. Весникот Сан пишува дека напаѓачот е заинтересиран за можноста да го облече дресот на „ѓаволите“ но „спарси“ не сакаат да ја продадат својата ѕвезда на ривал од Премиерлигата.

Исто така, првиот човек на клубот Даниел Леве е тежок преговарач и бара 150 милиони фунти за услугите на Хари Кејн, цена која е нереална со оглед на тоа дека многу клубови имаат големи финансиски последици од пандемијата на коронавирус.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе