Лига Европа

Селтик во 95. минута го замолкна Олимпико и го турна Лацио во бездна, Севиља во нок-аут фаза (ВИДЕО)

Селтик обезбедни нок-аут фаза и практично го елиминираше Лацио откако со гол во 95. минута триумфираше на Олимпико со 1-2, Севиља исто така обезбеди место во шеснаесетфиналето по убедливата победа од 2-5 против Дуденлаж.

Познати се првите учесници во нок-аут фазата од Лига Европа, билет за шеснаестфинале вечерва обезбедија Селтик и Севиља

Селтик со гол во 95. минута триумфираше на гостувањето кај Лацио и ги турна „бјанкочелестите“ во бездна, кои сега се на прагот на елиминација уште во групната фаза.

Мечот почна одлично за домаќините, Имобиле донесе водство а беа креирани уште неколку шанси за зголемување на предноста. Сепак, една грешка на одбраната овозможи Форест да се најде во шанса и да погоди за 1-1 во 38. минута. Лацио имаше неколку добри прилики да се врати во водство, но не само што не ги искористи, Нчам во 95. Минута реализираше за 1-2 и молк на Олимпико.

Севиља со 2-5 триумфираше на гостувањето кај Дуделанж и го завери првото место во Групата А. Дабур и Ел Хадади реалзираа по два гола за гостите во првиот дел, а Ел Хадади во продолженито стигна и до хет-трик. Синина во финишот со два гола само го ублажи поразот.

Резултати од 18:55 часот:

Група А

АПОЕЛ – Карабак 2:1
Дуделанж - Севиља 2:5

Група Б

Копенхаген - Динамо Киев 1:1
Лугано - Малме 0:0

Група Ц

Базел - Хетафе 2:1
Краснодар - Трабзонспор 3:1

Група Д

Розенборг - Спортинг 0:2
ЛАСК Линц - ПСВ 4:1

Група Е

Лацио - Селтик 1:2
ЦФР Клуж - Рен 1:0

Група Ф

Стандард - Ајнтрахт 2:1

Група Л

Астана - АЗ Алкмар 0-5

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе