Претседателот испратил честитки и благодарност

Селекторот на Русија на кратко го прекинал пресот, добил повик од Путин!

Предводникот на „Зборнајата", Станислав Черчесов морал на кратко да ја прекине прес конференцијата по триумфот над Саудиска Арабија, добил телефонски повик од претседателот Владимир Путин

Русија одлично го започна мундијалот, домаќинот со убедливи 5-0 славеше против Саудиска Арабија. Триумфот дојде пред очите на Владимир Путин, кој од ложата на Лужники го следеше мечот заедно со принцот на Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Претседателот на Русија делуваше прилично расположен, па по крајот на мечот лично му се јавил на селекторот за да му ги пренесе своите импресии.

Повикот за Станислав Черчесов сепак дошол во малку незгоден момент бидејќи тој само што се појавил на прес конференцијата. Со оглед на тоа дека не може да го одбие Владимир Путин, стратегот на кратко ја напуштил просторијата, а откако се вратил на новинарите им рекол: „ Тоа беше првиот човек на државата, ми честиташе за победата, ми кажа на момците да им ја пренесам неговата благодарност за добриот меч и да продолжиме така и во иднина“.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе