СП 2022

Селекторот на Камерун: Не знам ниту еден играч на Србија

Селекторот на Камерун, славниот Ригоберт Сонг вели дека не познава ниту еден играч на Србија која е во група со неговата селекција на Светското првенство. 

И покрај тоа што српската репрезентација има повеќе светски ѕвезди во својот тим, а една е исклучително актуелна како Влаховиќ, Сонг вели дека не ги знае играчите на Србија.
 
„Искрено, не знам ниту еден играч на Србија. Сега ќе барам информации, само еден месец сум селектор. Ќе работам со својот стручен штаб да знаеме со кого точно играме и ќе направиме добра подготовка“, вели Сонг за РТС.
 
„Мислам дека ова е најтешка група. Во денешниот фудбал немате слаба група, секој има квалитет да направи нешто. Се надевам дека ќе биде многу добар турнир, бидејќи секоја група која ја гледате има добри тимови и сите сакаат победа“.
 
„Сега сите имаат добри подготовки за турнирот и имаат самодоверба. Секој ќе биде таму за да направи нешто и го сакам ова натпреварување поради борбата“.
 
Камерун првиот меч во Катар го игра против Швајцарија, а во второто ќе се сретне со Србија, во последниот меч од групната фаза ќе се соочи со Бразил.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе