Без грам срам

Селекторот на Италија нема намера да даде оставка, бара пари за да си замине!

Италија синоќа доживеа историски дебакл откако не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, прстот беше вперен во селекторот Вентура за кој се очекуваше дека веднаш ќе си поднесе оставка, но тој без срам бара пари за да си замине. 

Италија прв пат по 1958 година нема да игра на светско фудбалско првенство. Најголемата вина се бара во федерацијата која го назначи селекторот Вентура кој се покажа како неспособен да ја води репрезентацијата.
 
Природно е по таков голем дебакл селекторот веднаш да си поднесе оставка и да се сокрие подалеку од јавноста, но Вентура не сака ниту да слушне за заминување без да добие обесштетување.
 
Самиот тој не дава оставка бидејќи со заминување на тој начин нема да може да добие обесштетување. Информациите велат дека побарал 700.000 евра од федерацијата за да го напушти кормилото.
 
Изборот на федерацијата се покажа како катастрофален, уште повеќе што во договорот нема клаузула за неуспех, односно селекторот автоматски да добие отказ ако не ја пласира Италија на Светското првенство. Очигледно е дека тие ниту во најкошмарните математики не очекувале ваков развој на настаните.
 
Вентура можеби ќе си замине со полн куфер пари, но неговото име ќе се памети само во негативен контекст.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе