Доживеал несреќа во близина на неговиот дом во Мајорка

Селекторот на Аргентина хоспитализиран, бил удрен од автомобил додека возел велосипед

Предводникот на „гаучосите", Лионел Скалони завршил во болница откако утрово бил удрен од автомобил додека возел велосипед на Мајорка.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, инцидентот се случил на паркинг просторот на престижното училиште Агора Порталс, во близина на домот на Лионел Скалони на Мајорка.

Селекторот на Аргентина бил удрен кога автомбил се враќал наназад и возачот не забележал дека поминува велосипед.

Лионел Скалони веднаш бил пренесен во болница, имал неколку рани на главата и рацете. Првичните изваштаи вела дека се работи за сериозни повреди со оглед на тоа дека стратегот по ударот паднал директно на лицето.

Сепак, последните извештаи велат дека предводникот на „гаучосите“ за среќа поминал добро, и откако му биле санирани искотините (добил неколку конци), тој бил пуштен на домашно лекување.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе