Квалификации за ЕП 2021 У21

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за натпреварите против Црна Гора и Казахстан

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за престојните два квалификациски мечеви.

Селекторот не направи големи промени во составот, ќе игра со фудбалерите со кои и ги започна квалификациите, единствен дебитант е Марко Ѓорѓиевски од Вождовац.
 
Македонија квалификациите ги почна со највисокиот триумф во историјата, го победивме составот на Фарските Острови со 7-1, сега следуваат дуели со Црна Гора и Казахстан.
 
„Играме против квалитетни репрезентации кои тоа го покажаа во досегашниот дел. Ќе решаваат нијанси и во двата меча. Сега целиот фокус ни е на првиот натпревар против Црна Гора. Нашата филозофија е иста, каде и да играме, дали дома или гости одиме на победа, без разлика дали е тоа против Шпанија или против Фарски Острови“, изјави селекторот Благоја Милевски.
 
На 10. октомври гостуваме на Црна Гора, а на 15. го пречекуваме Казахстан.
 
 
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе