Квалификации за ЕП 2021 У21

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за мечевите со Шпанија и Фарските Острови

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски мечеви со Шпанија и Фарските Острови. 

Во списокот има двајца дебитанти, Сефер Емини од Македонија Ѓорче Петров и Адријан Хајдари од Рапид Виена. Се враќа и Енис Фазлагиќ кој поради повреда ги пропушти првите три меча.
 
„Имаме две измени во однос на претходниот список. Марио Крстовски и Милош Тошевски не се повикани за овие два натпревари, но тоа не значи дека за продолжението од квалификациите нема да сметаме на нив. Не радува тоа што се враќа Енис Фазлагиќ и веќе има минутажа за својот клуб Жилина, а во тимот дебитанти се Сефер Емини од Македонија Ѓ.П. кој е стандарден во својот клуб и мислам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во репрезентацијата и Адријан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години. Двајцата дебитанти се родени 2000. година што значи дека имаат право за настап и за следниот квалификациски циклус. Всушност, седуммина во нашиот тим се од генерацијата 2000-та“, вели селекторот Милевски.
 
„Не очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за квалитетите на шпанската селекција. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревари. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кои се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“.
 
Македонската репрезентација ќе се подготвува во Шпанија од 11 до 14 ноември кога во Алкоркон го играме мечот со нив. Потоа се селиме на Фарските Острови со кои играме на 19 ноември.
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе