Лига на нации

Селекторот Ангеловски повика тројца нови играчи за дуелот со Ерменија

Селекторот Игор Ангеловски дополнително ги повика Дарко Мивевски, Душко Трајковски и Томе Китановски за мечот со Ерменија откако остана без уште неколку играчи по победата над Естонија. 

Македонија во значително променет состав ќе се обиде да остане непоразена против Ерменија против која ни е доволен и бод за да го освоиме првото место кое ќе не однесе во Лига Б од Лигата на нации.
 
Селекторот Ангеловски дополнително ги повика, капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, Душко Трајчевски од Докса, двајцата се играчи од средниот ред и десниот бек на Македонија Ѓорче Петров, Томе Китановски.
 
Ангеловски за мечот со Ерменија нема да може да смета на Бобан Николов и Стефан Спировски кои се суспендирани поради жолти картони, Алиоски и Елмас нема да играат поради повреди, нема да патува ниту Кире Ристевски.
 
Од претходно Македонија остана без Барди и Адеми кои се повредени, Горан Пандев се врати во Џенова, а ослободен беше и Димитриевски кој и онака е суспендиран поради црвен картон.
 
Натпреварот против Ерменија се игра на Кипар во среда со почеток од 18 часот.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе