Квалификации за ЕП 2020

Селекторот Ангеловски го објави списокот, Влатко Стојановски дебитира за Македонија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари против Израел и Летонија.

Ново име на списокот на Ангеловски е напаѓачот Влатко Стојановски кој ова лето направи трансфер од Ренова во француски Ним.
 
Во составот се враќаат Стефан Спировски и Иван Тричковски кои беа отсутни поради повреди, тука е Љупчо Дориев кој повремено е во составот. Ангеловски нема да може да смета на Стефан Ристовски кој се уште нема настап за Спортинг Лисабон поради повреда, нема повик и за Хасани кој се уште нема клуб.
 
„На списокот нема поголеми промени. Стефан Спировски поради повреда не е во комбинација, Хасани се уште нема клуб. Од оние кои беа претходно го нема Дарко Чурлинов на кого сметам но сега е ставен на списокот на У21. Дебитант е Влатко Стојановски, се враќаат Тричковски и Спировски, и Дориев кој беше во неколку наврати и претходно повикуван", вели селекторот Ангеловски.

„Собирот е во понеделник, Пандев, Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Тричковски ќе доцнат поради натпреварите кои ги имаат за клубовите. Имаме краток временски период но долго време сме заедно и мислам дека имаме доволно време да подготвиме против игра за нашиот прв противник Израел".

„Селекцијата на Израел е доста променета во однос на претходниот меч кој го имавме со нив. Главна ѕвезда им е Захави, имаат уште 5-6 фудбалери од тогаш. Сега имаат и нов селектор. Ќе направиме анализа и мислам дека подготвени ќе влеземе на тој натпревар".

„Се радувам што неколку од репрезентативците направија добри трансфери и се надевам дека онаа слика од натпреварот против Австрија нема да ја видиме веќе. Добро знам што можат овие играчи".

„Би бил задоволен ако бидеме на нивото на сите претходни натпревари освен на оној со Австрија. Ќе бидам задоволен ако од двата меча освоиме над три бода. Три бода е добро, но не би бил задоволен ако освоиме помалку од три бода".

Македонија и двата натпревари ги игра на гостински терен, најпрво на 5 септември кај Израел, па на 9 кај Летонија.

Списокот на повикани фудбалери:

 
 
 
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе