Македонија на Европско првенство

Селекторот Ангеловски го објави списокот на фудбалери за Европското првенство

Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот со 26 фудбалери на кои ќе смета за ЕВРО 2020, ново име е Милан Ристовски, а во составот е и Даркок Чурлинов.

Селекторот Игор Ангеловски ги одбра 26. фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство. На списокот се сите играчи кои се очекуваше да бидат, а тука се и младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов кои можеби се изненадувања во составот.

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Езгјан Алиоски

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Даниел Аврамовски, Дарко Чурлинов, Марјан Радески

Напад: Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски, Крсте Велковски, Милан Ристовски.

Македонските фудбалери подготовките ќе ги почнат на 26. мај, ќе одиграме два пријателски натпревари, против Словенија и Казахстан, на 8. јуни се селиме во Букурешт, а на 13. јуни го играме првиот меч на Европското првенство, дуел против селекцијата на Австрија.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе