Најтежок пораз во историјата

Секоја чест за Менхенгладбах, вака никој не го понижил Баерн во Купот! (ВИДЕО)

Баерн Минхен го доживеа најтешкиот пораз во својата историја во Купот на Германија, вечерва Борусија Менхенгладбах ги понижи „баварците" и славеше со убедливи 5-0.

Баерн Минхен изгледаше моќно на последните три натпревари, шампионот на Германија му даде 5 гола на Баер Леверкузен и по четири на Бенфика и Хофенхајм.

Но вечерва „баварците“ беа понижени како никогаш претходно и го доживеаја најтешкиот пораз во својата историја во Купот на Германија.

Борусија Мехнхенгладбах беше задолжена за испишување на нова историја, домаќините со погодокот на Коне и двата гола на Бенсебаини, имаа 3-0 по дваесетина минути игра.

Баерн наместо да се врати во игра во второто полувреме, за кратко време капитулираше уште два пати, Емболо постигна гол во 51. минута за 4-0, а истиот фудбалер стрелаше прецизно во 57. минута за 5-0.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе