Луда понуда за ѕвездата на Барса

Сега или никогаш: Шеикот на Сити со вистинско богатство го примамувал Меси!

Сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Мансур летоска сакал да ја искористи неизвесноста околу новиот договор на Лео Меси, па на Аргентинецот му пондил бонус од 100 милиони евра и годишна плата од 50 милиони евра

Изминатово лето настана голема конфузија околу иднината на Лео Меси откако Барселона на почетокот од јули соопшти дека има согласност со играчот за продолжување на соработката.

Но Аргентинецот не стави потпис на договорот и тоа ја отвори вратата за голем број на шпекулации за заминување на напаѓачот од Камп Ноу.

И додека Барса инсистираше дека договорот е валиден бидејќи веќе е потпишан од таткото на Лео Меси, медиумите пишуваа дека играчот веќе во јануари може да се договор со друг клуб и го поврзуваа репрезентативецот на „Гаучосите“ со неколку гиганти.

Според Марка, на адреса на Лео Меси пристигнал примамлив предлог од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ верувале дека ова е моментот „сега или никогаш“, па Шеикот Мансур без да преговара преку посредници и агенти, директно ја доставил понудата до играчот.

Тој на Лео Меси му ветил 100 милиони евра бонус за потпис на договорот и плус 50 милиони евра годишна плата.

Сепак, Аргентинецот го одбил ова богатство, минатиот месец конечно удри параф на договорот со Барселона и ја продолжи верноста кон „Каталонците“ до 2021.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе