Судењето започнува на 31. мај

Седум лица се обвинети за смртта на Марадона, можат да добијат до 25 години затворска казна

Седум лица ќе одговараат за смртта на Диего Марадона, доколку биде утврдено дека се виновни можат да добијат сериозна затворска казна, од осум до 25 години. 

Обвинителството во Сан Исидро покрена обвинение против дури седум здравствени работници кои се теретат за смртта на Диего Армандо Марадона.
 
Неврохирургот кој го оперираше Марадона, психијатарката, психологот, уште еден доктор и три медицински сестри ќе седнат на обвинителната клупа.
 
Според пишувањето на аргентинските медиуми, истрагата наводно покажала дека Марадона „умрел во маки“ и дека неговата состојба значително се влошила пред смртта. Според тоа, се наведува дека работата на здравствените работници во овој случај била „несоодветна, полна со пропусти и несовесна“.
 
Обвинителството побарало за седумте обвинети лица да се забрани излегување од земјата. Судењето почнува на 31. март, а ако бидат прогласени за виновни им се заканува казна од осум до 25 години затвор.
 
Легендарниот Диего Марадона почина на 25. ноември минатата година. 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе