По ремито на „Максимир“

Седлоски: Во Македонија сите мислеа дека ќе загубиме, но сега не треба да летаме во облаци

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е среќен поради ремито на Максимир против Динамо Загреб но вели дека може да биде кобно доколку летнат во облаци после овој резултат.

Шкупи со одлично реми од 2-2 против Динамо Загреб се враќа во Скопје каде за седум дена ќе се решава патникот во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Се препотив како јас да сум играл. Честитки за играчите и за едните и за другите. Навистина ова беше фантастичен меч, прав европски. Како што игравме во првото полувреме, тоа е тоа што го барам од моите играчи. Честитки до Чачиќ за фер и коректната игра и понатаму се останува отворено, има уште 90 минути во Скопје. Динамо Загреб и понатаму е фаворит, без разлика на денешниот резултат, ние се претставивме во добро издание, сега не чека полн стадион во реваншот“, изјави Седллоски по мечот.

„Првпат моите играчи играат ваков натпревар. Динамо Загреб ги игра на секои три дена. Малку се плашев поради тоа, но одигравме како што сакав, особено во првото полувреме. Игравме пас игра, а кога го гледам резултатот 2-2, презадоволен сум. Динамо е врвна екипа, им посакувам добредојде во Скопје. Сигурно дека сега кај нас ќе биде полн стадионот, не би требало да летаме високо, им реков на играчите дека ова е успех, но не смееме да полетаме превисоко, тоа може да биде кобно“.

Навивачите на Динамо Загреб со аплауз го поздравија Седлоски кој седум години го носеше дресот на овој клуб, беше и капитен.

„Фудбалот се игра за навивачи, тие видеоа голови, вистински акции, публиката го препозна тоа и убаво навиваше. И нашите и вашите навивачи. Нашите навивачи дојдоа со пет автобуси. Аплаузот од публиката на Максимир? Секако дека имам оставено добар впечаток тука во седумте години, им благодарам на сите и на навивачи и на медиумите. Секако дека повеќе очекував од Динамо, можеби и не потценија. Добро се држевме, ги чекавме своите шанси и ги дочекавме“.

„Нормално дека кога играте со Динамо сите ве следат, сите во Македонија мислеа дека ќе загубиме. Знаеме дека Динамо секоја година игра во Лигата на шампионите или Лига Европа, сигурно дека сите мислеа дека ќе победат. Но ние го дадовме последниот атом од силите. Како можеме да загубиме на Гибралтар, а да ремизираме на Максимир? Е затоа фудбалот е интересен. Таму имавме проблеми, долго патувавме, се негативно се собра во тој ден“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе