Доаѓа на местото на Дарко Панчев

Седлоски си замина од Широки, се враќа во Вардар

Гоце Седлоски си поднесе оставка од тренерската позиција во Широки Бријег, се враќа во Вардар каде ќе ја добие позицијата на спортски директор која ја имаше Дарко Панчев.

Седлоски се раздели со Широки за да се врати во Вардар. Откако ги помина подготовките за новата сезона со босанскиот клуб, тој го водеше на мечевите од квалификациите во Лига Европа каде беа елиминирани од Киријат и во првото коло од лигата на БиХ во кое синоќа на свој терен загубија од Челик Зеница со 1-0.

„Почитувани фудбалери, членови и навивачи на ФК Широки Бријег

„Би сакал да Ви се заблагодарам од длабочината на моето срце за оваа преубава година која беше полна со возбудувања, радости, тага, напорна работа и што е најважно, исполнување на сите барања кои пред мене беа поставени од управата на клубот.

Одлучив да ја напуштам оваа позиција на клубот по натпреварите со Каират, но за три дена почнуваше првенството и не беше коректно кон клубот да заминам веднаш. Сега клубот има време да најде мој наследник. Јас веројатно ќе направам пауза од тренерската работа и ќе се посветам на друга улога во фудбалот“, меѓудругото стои во соопштението на Седлоски.

Гоце Седлоски се враќа во Вардар каде што ќе ја преземе функцијата спортски директор на која претходно беше Дарко Панчев. Се очекува тој да му се приклучи на тимот во Словенија каде Вардар се подготвува за новата сезона.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе