Лига на шампиони квалификации

Седлоски: Резултатот е одличен, но уште ништо не е готово

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е задоволен од високата победа над Линколн Ред Импс од 3-0, вели дека со едната нога се во следната рунда, но ништо не е готово, мора максимално сериозно да се влезе и на реваншот.

Шкупи синоќа дојде до победа која ги носи блиску до дуел со Динамо Загреб во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Но Седлоски не сака опуштање.

„Им честитам на играчите, знаев дека пред себе имаме сериозен противник кој лани играше во групната фаза од Конференциската лига, но тоа што го побарав од моите играчи го исполнија. Можевме да дадеме и четврт гол, иако игравме 40 минути со играч помалку“, вели Седлоски.

„Сепак ништо не е готово, ќе се подготвиме сериозно за реваншот, иако со овој резултат со една нога сме во следната фаза. Ова е супер резултат за нас. Но ќе бидеме максимално внимателни. Нема да се браниме, ќе тренираме на вештачка трева, мојата информација е дека тој терен е незгоден, има голема влага таму, но ќе бидеме подготвени“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе