Лига Европа квалификации

Седлоски: Нема лесно да се предадеме против Динамо Загреб

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е свесен за фаворитската улога на Динамо Загреб, но вели дека неговите момци утре нема да се предадат. 

Утре (вторник) со почеток од 21 часот, Шкупи му гостува на Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
 
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски како фудбалер играше за Динамо Загреб, беше и капитен на хрватскиот тим, а имаше и кратка авантура како тренер на вториот тим.
 
„Секако дека од Динамо имам убави сеќавања како поранешен тренер, но сега сум од спротивната страна и велам дека нема лесно да се предадеме. Од она што можев да го видам, Динамо игра отворен фудбал па затоа мораме да бидеме внимателни, ќе го дадеме најдоброто од себе во текот на целиот натпревар за да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Седлоски на денешната прес-конференција.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе