ФК Шкупи

Седлоски не се појави на прес-конференцијата, даде само изјава за клупскиот вебсајт

Шкупи синоќа доживеа тежок пораз од Санта Клара во Скопје со 3-0, а по натпреварот тренерот Гоце Седлоски не се појави на редовната прес-конференција. 

Фото: ФК Шкупи

Санта Клара беше голем фаворит во дуелот со Шкупи и победи со 3-0. Со оглед на состојбите и квалитетот во македонското првенство овој пораз не е изненадување, напротив тој е само показател на реалноста.

Па зачудувачки беше тоа што тренерот Гоце Седлоски не се појави на прес-конференцијата по натпреварот. За што се работи ќе покаже времето. Можеби се подготвува нова тренерска смена во Шкупи.

Сепак на клупскиот сајт излезе изјава од Седлоски по мечот.

„Прво сакам да и честитам на Санта Клара, кажав и пред мечот, тие се многу добар тим. Автоголот кој го примивме промении се, но фудбалерите на Санта Клара одиграа добар натпревар. Имаме уште 90 тешки минути пред нас, треба да бидеме професионални и да одиграме максимално до крај“, изјави Седлоски.

Реваншот се игра на 29. јули во Португалија.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкупи

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе