Квалификации за ЛШ

Седлоски: Максимално сме подготвени за предизвикот

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски вели дека фудбалерите се максимално подготвени за утрешниот дуел против Линколн Ред Импс од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. 

Утре од 20:45 Шкупи го пречекува гибралтарскиот тим Линколн Ред Импс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
 
„Максимално сме подготвени, еден месец се подготвувавме и спремни сме за предизвикот. Никото не потценуваме, сконцентрирани сме, но било кој да е противник, ние ќе ја играме нашрата игра. Мора да покажеме карактер, капацитет и зашто сме прваци на Македонија“, вели Седлоски.
 
„Незгоден тим се, доста агресивни, многу трчаат, знаат добро да се бранат. Но, ние ќе играме како што игравме цела сезона. Би бил задоволен со победа, било каква. Направивме сериозна анализа за Линколн, играч по играч, но најважно од сѐ е како ние ќе одиграме, а не противникот како ќе игра“.
 
Капитенот на Шкупи, голманот Кристијан Наумоски не очекува лесен дуел, но е оптимист.
 
„Добивме ривал по мерка, од можните – најлесниот. Ама, нема да биде лесно, зашто во минатата сезона Линколн играше групи во Конференциската лига. Ние ќе дадеме максимум за позитивен резултат, а првиот меч е најважен“, вели Наумоски.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе