Премиерлига

Себаљос ги собра аплаузите, Арсенал победи на првите два меча од сезоната за прв пат по 10 години (ВИДЕО)

За прв пат по сезоната 2009/10, Арсенал има два од два на стартот, попладнево „топчиите" со 2-1 триумфираа над Барнли со головите на Лаказет и Обамејанг.

По победата над Њукасл на отварањето од новата сезона, Арсенал попладнево славеше и против Барнли, па за прв пат по 10 години, „топчиите“ имаат два од два на стартот.

Лаказет го отвори резултатот во 13. минута, но пред крајот на првиот дел една топка случајно дојде до Барнс, кој од пет мeтри изедначи на 1-1.

Сепак, Обамејанг се погрижи трите бода да останат на „Емирати“ во продолжението од мечот. Одлична партија пружи и новото засилување Дани Себаљос, кој имаше неколку добри потези и доби стоечки овации кога беше заменет.

Токму неговата пресечна топка заврши во нозете на Обамејанг при акцијата кога падна голот вреден победа.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе