Шампионот на Италија мерка двајца талентирани Португалци

Се зголемува португалската колонија во Јуве, Паратичи патува за Лисабон по двајца сонародници на Роналдо

Спортскиот директор на „Бјанконерите", Фабио Паратичи во понеделник ќе отпатува за Лисабон, од трибините на „Луж" ќе ги скенира Рубен Диас и Жоао Феликс на дуелот помеѓу Португалија и Србија.

Португалската колонија во Торино би можела да се зголеми следната сезона. По Жоао Кансело и Кристијано Роналдо, Јувентус би можел да се засили и со нивните сонародници, Рубен Диас и Жоао Феликс.

Еден од приоритетите на „Старата Дама“ е подмладување на одбраната и барање наследници за Барзаљи, Кјелини и Бонучи. На листата со желби има неколку имиња како Ромеро од Џенова, Варан од Реал, Манолас од Рома, Де Лихт од Ајакс и Диас од Бенфика.

Се говореше дека Де Лихт е на врвот на списокот на Фабио Паратичи, но се чини дека Барселона ја добива битката за потписот на талентираниот Холанѓанец и спортскиот директор на Јувентус наместо во Амстердам ќе патува за Лисабон каде Португалија во понеделник ќе игра против Србија.

Скаути на шампионот на Италија и синоќа биле на „Луж“ и имаа прилика да се уверат во квалитетите на Диаз, кој му беше партнер на Пепе во одбраната. 

„Ова не е ниту време ниту право место да разговараме за вакви работи, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Рубен има 21 година и еден од најдобрите во светот на својата позиција. Ќе има блескава кариера и би сакал да видам како станува наш капитен во следните години“ - вели претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира во разговорот со новинарот на Тутоспорт, кој исто така е во Лисабон. 

Рубен Диас има откупна клаузула вредна 60 милиони евра а за него интерес пројавуваат уште неколку клубови, помеѓу кои Атлетико Мадрид и ПСЖ. 

Што се однесува до Жоао Феликс, тој има откупна клаузула од 120 милиони евра и Бенфика веќе размислува да ја зголеми. 

„Во моментов не сме заинтересирани да го продадеме Феликс и наскоро ќе ја зголемиме неговата откупна клаузула. Тој има неверојатна техника, многу е брз и интелегентен. Исто така се работи за добра личност, со важни вредности и поради тоа сум горд. Не знам дали ќе биде следниот Роналдо, но тој е најголемиот талент од Португалија по Роналдо.“

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе