Сите сакаа дел од милјардите кои се вртат во светот на фудбалот

Сè за повеќе пари, и Пике сака да креира ново фудбалско натпреварување во Европа

Медиумите од Шпанија пишуваат дека фудбалерот на Барселона, Жерард Пике сака да креира ново фудбалско натпреварување на стариот континент и за својата идеја веќе разговарал со челниците на ФФШ.

Светот на фудбалот од поодамна е прилично лукративен бизнис, се вртат многу пари, но очигледно сите се желни за некој милион повеќе. УЕФА направи реформи во репрезентативниот фудбал и ја креираше Лигата на нации. ФИФА сака го промени Светското клупско првенство и да направи ново натпреварување кое ќе брои 24 клуба и ќе донесе стотици милиони поголем приход.

Гигантите од Европа пак со години коваат заговор за Суперлига која ќе биде резервирана само за најбогатите, а УЕФА за да им излезе во пресрет прифати промена во форматот на Лигата на шампионите и Лига Европа, а за неколку години ќе стартува и трето натпреварување.

Медиумите од Шпанија сега пишуваат дека и Жерард Пике сака да креира ново фудбалско натпреварување на стариот континент.

Кадена СЕР пренесе дека фудбалерот на Барселона својата идеја веќе им ја презентирал на челниците на Фудбалската федерација на Шпанија, кои ќе треба да помогнат за реализација.

Многу детали за новото натпреварување на Жерард Пике нема, извештајот вели дека покана за настап ќе добијат гигантите, односно шампионите од најсилните првенство и уште неколку други великани.

Жерард Пике со своите бизнис партнери веќе работат на нов Дејвис купот во тенисот, и некој сличен формат би можел да се примени во фудбалот, односно 18 екипи поделени во три групи. Првопласираните тимови и двата најдобро второпласирани ќе одат во четвртфинале, и потоа ќе има нок-аут рунди со кои ќе се стигне до финале и ќе се одреди победникот.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе