По долга пауза

Се враќа европскиот клупски фудбал, денеска мечеви од Лига Европа

Конечно европските клупски натпреварувања стапуваат на сцена, денеска на програмата се четири осминафинални мечеви од Лига Европа. 

По долга пауза поради пандемијата на коронавирус, конечно европскиот клупски фудбал се враќа, денеска и утре на програмата се натпревари од осминафиналето во Лига Европа.
 
Натпреварот за Манчестер јунајтед против ЛАСК ќе биде само формалност, бидејќи англискиот тим во првиот меч одигран во Австрија победи со 5-0.
 
Не се одигра прв осминафинален натпревар меѓу Интер и Хетафе, тогаш Италија и Шпанија беа главните жаришта на коронавирус во Италија. Патникот во следната фаза од овој дуел ќе биде решен само со еден меч кој се игра на неутрален терен, во Германија.
 
Шахтар има предност од 2-1 по првиот меч со Волфсбург, а ФК Копенхаген ќе влезе со негатива од 1-0 против Башакшехир.
 
Утре се играат мечевите Баер Леверкузен - Ренџерс, Севиља - Рома, Базел - Франкфурт, Вулвс - Олимпијакос.
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе