Пресврт во ситуацијата на Германецот

Се велеше дека Крос ќе си оди, но тој потпиша нов договор со Реал Мадрид

Иако се шпекулираше дека е еден од фудбалерите кои треба да го напуштат Реал Мадрид, денеска тој го продолжи договорот со кралскиот клуб.

Тони Крос немаше добра сезона, одигра под очекувањата и се предвидуваше дека ќе се збогува со Реал Мадрид ова лето, но ситуацијата во меѓувреме очигледно се променлиа.
 
Реал Мадрид соопшти дека Тони Крос ставил потпис на нов договор со трајност до 2023 година
 
„Реал Мадрид и Тони Крос се согласија за продолжување на договорот на фудбалерот, кој е со трајност до 30. јуни 2023“, стои во соопштението на клубот.
 
Во текот на денот ќе биде одржана и прес конференција на која ќе се обрати Крос пред медиумите.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе