Веднаш била оперирана

Се уште не опоравени од шокот, нова драма во семејството Касиљас, сопругата на Икер имала тумор

Сопругата на Икер Касиљас, Сара Карбонеро на социјалните мрежи откри дека имала тумор и веднаш била оперирана, таа се надева дека сепак се добро ќе се заврши.

Икер Касиљас пред три недели преживеа срцев удар, а сега пристигна вест за нова драма во неговото семејство. Неговата сопруга, Сара Карбонеро на социјалните мрежи соопшти дека имала малиген тумор и веднаш била оперирана. 

„Се уште не опоравени од стравот, животот ни приреди ново изненадување. Овој пат јас бев погодена, тој збор од шест букви (cancer) кој се уште ми е мака да го напишам. Пред неколку дена, на рутинска контрола докторот забележаа малиген тумор и веднаш бев оперирана. Се помина во најдобар ред, за среќа го забележаа рано но ме чека битка во следните неколку месеци, продолжувам со третмани и убедена сум дека се добро ќе се завшри. Знам дека патот ќе биде тежок, но и дека ќе има среќен крај. Ја имам поддршката од семејството, пријателите и докторите“ - напиша новинарката, која исто така побара од нејзините колеги да ја почитуваат нејзината приватност и приватноста на нејзиното семејство во овие деликатни моменти.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе