Лига на шампиони

Се тресе столчето на Солшер, Башакшехир го изненади Манчестер јунајтед за прва победа во ЛШ (ВИДЕО)

Башакшехир се радува на прва победа во Лигата на шампиони откако вечерва приреди изненадување и со 2-1 го совлада Манчестер јунајтед, поразот сигруно ќе донесе многу прашалници за иднината на Оле Гунар Солшер.

Катастрофална игра во одбраната го чинеше Манчестер јунајтед пораз на гостувањето во Турција, Башакшехир ја забележа првата победа во Лигата на шампиони откако ги изненади „ѓаволите“ со 2-1.

Резултатот беше отворен во 13. минута, Демба Ба беше осамен како дух на средината од теренот, прими топка, тргна во контра и рутински реализираше за 1-0.

Во 40. минута, Бруно Фернандеш лошо врати една топка за Мата, кој го загуби дуелот со Кавечи, се отвори брз напад за домаќините, Демба Ба со многу чувство остави топката да помина за Вишќа од врвот на шеснаесетникот да погоди за 2-0.

Пред крајот на првиот дел, Манчестер јунајтед намали, Марсијал постигна гол со глава за 2-1. Во продолжението од мечот, „ѓаволите“ напаѓаа со сите сили, но Башакшехир се бранеше одлично па резултатот остана непроменет.

На вториот натпревар од 18:55 часот, Зенит и Лацио одиграа 1-1. Домаќините поведоа со голот на Ероткин во првиот дел, во финишот изедначи Каиседо.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе