Квалификации за СП 2022

Се специјализиравме за реми, Македонија одигра нерешено и против Романија

Македонската фудбалска репрезентација и третиот натпревар од овој прозорец го одигра нерешено, овој пат ремизиравме против Романија во Скопје, мечот заврши без голови 0-0. 

Слично како и на дуелот со Ерменија, Македонската репрезентација го имаше поседот на топката во текот на целиот натпревар, но тешко создаваше големи шанси.
 
Брзо по почетниот свриреж на судијата Македонија воспостави доминација на теренот која ја одржуваше, но не успеваше да создаде посериозни шанси.
 
Првата подобра прилика ја имавме во 34. минута кога Елмас биеше од добра позиција, но голманот Ница го одбрани неговиот удар.
 
Во вториот дел состојбата на теренот беше слична со разлика што почнавме да создаваме поконкретни шанс.
 
Течеше 51. минута кога Елиф Елмас се обиде по еден соло пробив, топката удри романски фудбалер, го смени правецот и малку фалеше да го измами голманот Ница кој со крајни напори успеа да одбрани.
 
Седум минути подоцна Барди шутираше по асистенција од Елмас, но и неговиот удар го одбрани романскиот голман.
 
Во 73. минута Барди се обиде со силен удар од далечина, но и овој пат голманот на Романија беше поуспешен од нашите фудбалери.
 
Романија единствената шанса ја имаше од слободен удар, Димитриевски реагираше лошо, но за среќа нашата мрежа остана мирна.
 
До крајот на натпреварот не успеавме да создадеме нова посериозна закана кон голот на Романија, па и на овој натпревар на Арената „Филип Втори“ публиката не виде гол.
 
По шест одиграни кола ние сме на четвртата позиција со девет освоени бода. 
 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе