Евертон

Се редат откази во Премиерлигата, настрада и Марко Силва

Дебаклот во градското дерби против Ливерпул ја прели чашата кај раководството на Евертон кое реши да му врачи отказ на Марко Силва. 

По отказите на Маурисио Покетино, Унари Емери и Кике Санчез Флорез, денеска настрада уште еден тренер во Премиерлигата, Евертон го отпушти Марко Силва.
 
Подолго време се спремаше отказот на Силва, па поразот од Ливерпул со 5-2 беше само капак на резултатската криза.
 
Тие имаат само една победа на последните шест меча и само 14 освоени бодови во 15 кола од Премиерлигата.
 
Има неколку кандидати за наследник на Силва, а еден од нив е легендарниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе