Дополнително се комплицира трансферот

Се појави нов проблем, ако потпише за Барселона, Нејмар година дена нема да види ништо од платата

Враќањето на Нејмар на Камп Ноу дополнително се коплицира, даночните власти на Шпанија пресметале дека Бразилецот има долг од 35 милиони евра и почнале постапка за пристилно да го наплатат.

Нејмар сака да замине од Париз ова лето, прва желба му е да се врати на Камп Ноу, но трансферот воопшто не е лесен. ПСЖ бара многу пари, а Барса не сака да плати ништо и нуди играчи во замена.

Зделката дополнително ја комплицираат и даночните власти од Шпанија, кои пресметале дека Бразилецот им должи речиси 35 милиони евра.

Па тие веќе ја известиле Барселона дека секоја сума што ќе треба да му ја исплатат на Нејмар треба да заврши на нивна сметка се додека не се подмири долгот. Во случај Нејмар да потпише за „каталонците“, платата што тој ќе ја добива автоматски ќе оди на сметка на даночните власти.

Медиумите шпекулираа дека Нејмар и Барселона наводно си подале рака за плата помеѓу 22 и 24 милиони евра, па при ваква сума, тој година ипол нема да види ништо од платата.

Даночните власти исто така „ставиле рака“ и врз неисплатените бонуси во изност од 26 милиони евра кои Нејмар си ги бара преку суд. Во случај напаѓачот да го добие спорт, тој нема да види ниту евро бидејќи даночните власти преку присилна наплата ќе ги соберат за да покријат дел од сумата од 35 милиони евра која тие си ја бараат.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе