Во потрага на повеќе пари и поголеми приходи

Се подготвува ново натпреварување: Манчестер јунајтед и Ливерпул работат на креирање „Европска Премиерлига“!

Манчестер јунајтед и Ливерпул преговараат за креирање на ново натпреварување во кое ќе учествуваат клубови од Англија, Шпанија, Франција, Италија и Германија и ќе треба да започне во 2022.

Манчестер јунајтед и Ливерпул заговараа радикални промени на Премиерлигата, дури и се заканија со напуштање на најсилното првенство на Англија доколку не им биде исполнета желбата за повеќе пари и повеќе моќ.

Иако проектот „Голема слика“ беше напуштен минатата недела, Манчестер јунајтед и Ливерпул не престануваат со потрагата за повеќе пари.

Голем број на извори од Англија пренесуваат дека „ѓаволите“ и „црвените“ ги предводат гигантите од стариот континент за креирање „Европска Премиерлига“. 

Во новото натпреварување, кое ќе брои 18 клубови, ќе има претставници од Англија, Шпанија, Франција, Италија и Германија. Наводно треба да стартува во 2022, има поддршка од ФИФА и се обезбедени 6 милјарди долари.

Скај Спортс вели дека барем пет клубови од Англија ќе учествуваат во ова ново натпреварување, а покрај Манчестер јунајтед и Ливерпул се споменуваат Арсенал, Челси, Манчестер Сити и Тотнем.

Се верува дека предлогот за ново натпреварување им е доставен и на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Шпанија, ПСЖ од Франција, Баерн Минхен од Германија и Јувентус од Италија.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе