Велшанецот има комплициран однос со Зидан

Се подготвува ли трансфер, Бејл летна во Лондон на средба со својот агент?!

Герет Бејл попладнево беше уловен на аеродромот во Лондон, медиумите пишуваат за средба со агентот а Реал Мадрид појаснува дека патувањето е поради лични работи.

Герет Бејл одново е топ тема за медиумите од Шпанија. Фудбалерот се повреди на должност со Велс но неговата дијагноза не е позната откако тој му забранил на Реал Мадрид да ги објави деталните тестови со образложение дека постои доверливост помеѓу докторот и пациентот.

Реал Мадрид утрово ги започна подготовките за пресметката со Леганес во среда, Герет Бејл не тренираше со соиграчите, и продолжи да одработува индивидуални сесии во теретана.

Ако ова не беше доволен знак дека многу веројатно тој нема да биде во комбинација, Велшанецот попладнево беше уловен на аеродромот во Лондон. Од Реал Мадрид брифираат дека тие биле запознаени со ова патување, Зинедин Зидан дал зелено светло а за причината, посочуваат дека се лични работи.

„Ел чирингито“ пак вели дека во Лондон, Герет Бејл ќе има средба со својот агент. За што точно тие ќе разговараат, во овој момент е нејасно.

Во меѓувреме, АС објави дека управатан а Реал Мадрид решила да го продаде Герет Бејл и тоа веќе во јануари.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе