Можат да заминат дури десет играчи

Се подготвува голема чистка во Челси за да се соберат пари за Вернер, Чилвел и останатите желби на Лампард

На Стемфорд Бриџ може да се случи голема чистка ова лето, медиумите шпекулираат дека Челси може да се раздели со дури ДЕСЕТ играчи за да се приберат пари за Тимо Вернер, Бен Чилвел и останатите засилувања.

„Сините“ веќе го договорија Хаким Зихеш од Ајакс (40+4 милиони евра) и се очекува во скоро време да го потврдат и трансферот на Тимо Вернер вреден 60 милиони евра. На списокот со желби на Френк Лампард има уште неколку имиња, а на врвот е Бен Чилвел од Лестер, кој сигурно ќе чини околу 70 милиони евра.

За да се приберат финансии, Челси ќе се раздели со неколку фудбалери, одредени медиуми пишуваат дека од Стемфорд Бриџ можат да си заминат и до седум играчи, додека пак има и такви стории кои пишуваат за разделба со дури ДЕСЕТ играчи.

Педро и Вилијан ги одработуваат последните месеци од договорите, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место подолго време, па за очекување е тие први да го напуштат клубот. Можеби нема да донесат трансфер сума, но ќе се ослободат милиони во сметката за плати.

Маркос Алонсо, Жоржињо, Курт Зума, Рос Баркли и Миши Батшуаји исто така се на излезна врата, а Челси е подготвен да ги разгледа и понудите што ќе пристигнат за Емерсон Палмиери, Давиде Запакоста и Тимуе Бакајоко.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе