„Кралевите“ ја победуваат Барса во трката за талентираниот Србин

Сè е договорено, Јовиќ во Реал за 60 милиони евра и плата од 5 милиони евра?!

„Дон Диарио" објави дека Реал Мадрид веќе го договорил трансферот на Лука Јовиќ, „кралевите" на Ајнтрахт ќе му искешираат 50 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси, а играчот ќе добие плата од 4 до 5 милиони евра по сезона.

Лука Јовиќ се споменуваше како наследник на Луис Суарез на Камп Ноу, скаути и директори на Барселона често ги следеа игрите на младиот напаѓач оваа сезона. Сепак, последните информации велат дека Реал Мадрид ја добива битката за талентираниот Србин.

„Дон Диарио“ вели дека „кралевите“ веќе го договориле трансферот и само се чека официјална потврда. Реал Мадрид на Ајнтрахт ќе му плати 50 милиони евра плус додатни 10 милиони евра во бонуси. Лука Јовиќ ќе стави потпис на шест годишен договор и ќе има плата помеѓу 4 и 5 милиони евра по сезона.

Србинот со еден ваков потег и се одмаздува на Барселона за тоа што „каталонците“ решиле да се откажат од него и да го насочат фокусот кон Антоан Гризман, кој повторно е на агендата на клубот од Камп Ноу.

Попладнево од Шпанија пристигна информација дека напаѓачот на Атлетико веќе кажал ДА на Барса, поточно неговите агенти ги известиле лидерите на Барса дека фудбалерот ја прифаќа понудата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе