Газдата на ПАОК се извини, но...

Савидис: Не требаше да влезам со пиштол, но сакав да спречам човечки жртви

Сопственикот на ПАОК, Иван Савидис се извини поради тоа што влезе со пиштол во теренот на мечот со АЕК но вели дека тој и неговото семејство се жртви во целата ситуација.

Човекот кој го прекина фудбалот во Грција денеска излезе со извинување за случувањата на мечот меѓу ПОК и АЕК, но вели дека тоа го направил за да спречи човечки жртви.
 
„Жал ми е, им се извинувам на навивачите на ПАОК, на сите фанови во Грција и целата фудбалска јавност. Немав право да влезам на таков начин на теренот, но емотивната реакција која ја имав е предизвикана од состојбите во грчкиот фудбал, случувањата во финишот од мечот беа неприфатливи“, вели Савидис.
 
„Само сакав да ги заштитам илијадниците навивачи на ПАОК и да спречам да човечки жртви. Не сакав никаков контакт со судиите или противничките играчи. На никој не сум се заканувал. Јас и моето семејство сме заложници на негативните фудбалски случувања во Грција. Но ќе продолжам да се борам за фер фудбал и за титула на ПАОК“.
 
Премиерот на Грција и министерот за спорт го прекинаа фудбалот на непоределено време. Можно е и апсење на Иван Савидис, а ПАОК сигурно го чека голема казна.
 

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе