„Трите Лава“ ги открија адутите

Саутгејт нема многу дилеми, објавен конечниот список на Англија за СП 2018

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги откри имињата на 23-та фудбалери кои ќе патуваат во Русија, стратегот се реши за микс на искусни и млади играчи

Шампионот од 1966 ги откри адутите со кои ќе атакува на ново злато. Герет Саутгејт се реши уште сега да го објави конечниот список, на кој нема место за неколку големи имиња како Џо Харт, Џек Вилшер и Адам Лалана.

Во составот се најдоа и играч кои никогаш претходно не го облекол дресот на сениорската репрезентација на Англија. Се работи за 19 годишниот Трент Александер Арнолд, кој имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул, и 26 годишниот чувар на мрежата на Барнли, Ник Поуп.

Повик доби и ветеранот Ешли Јанг, кој цела сезона кај Мурињо играше принудно како лев бек, а во составот се најде и Фабиан Делф, кој исто така принудно цела сезона покриваше како лев бек во Манчестер Сити.

Конечниот состав на Англија:

Голмани: Батланд, Пикфорд, Поуп

Одбрана: Т. Александер Арнолд, Кејхил, Џонс, Мегвајр, Стоунс, Трипиер, Вокер, Роуз

Среден ред: Али, Делф, Даер, Хендерсон, Лингард, Лофтус Чик, Јанг

Напад: Стерлинг, Кејн, Рашфорд, Варди, Велбек

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе