Лига на нации

Саутгејт го објави списокот на Англија за завршниот турнир на Лигата на нации и направи едно болно изоставување

Герет Саутгејт го соопшти поширокиот состав на Англија за завршниот турнир на Лигата на нации, селекторот на „Трите лава“ направи едно болно изоставување и во последен миг го шкртна Рубен Лофтус Чик.

Англија следниот месец ќе се бори за премиерниот трофеј од новото натпреварување Лига на нации, па Герет Саутгејт ги откри адутите за завршниот турнир.

Селекторот на „Трите лава“ попладнево го објави поширокиот состав и повика 27 фудбалери. Надвор од комбинација е Рубен Лофтус Чик, кој утрово се повреди додека играше пријателски натпревар за Челси во САД и се верува дека го чека долга пауза

„Синоќа кога си легнав Рубен беше на списокот, сега ќе пропушти големо финале. Навистина ми е жал за него, играше брилијантно оваа сезона“ – вели Саутгејт.

Во составот нема место и за Лук Шо, кој беше избран за најдобар играч на Манчестер јунајтед оваа сезона. Сепак, Саутгејт има поголема доверба во двајца други леви бекови, Бен Чилвел од Лестер и Дени Роуз од Тотнем.

На списокот се најде и Хари Кејн, кој е повреден но прави надчовечки напори да бдие фит за финалето од Лигата на шампионите.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе