ФА Куп

Саутемптон се спаси од пораз во финишот, Тотнем ќе игра повторен меч во ФА Купот (ВИДЕО)

Тотнем ќе мора на свој терен да игра уште еден натпревар од ФА Купот против Саутемптон откако денешниот заврши нерешено 1-1. 

Тотнем беше на чекор до победа, имаше водство со гол на Сон во 58. минута, но не успеа да ја задржи предноста до крај.
 
Нововлезениот играч на Саутемптон, Боуфал постигна гол во 87. минута и го спаси својот тим од испаѓање.
 
Повторен меч ќе игра и Њукасл кој одигра без голови на свој терен против Оксфорд.
 
Вест Хем на свој терен беше елиминиран од ВБА кој победи со 1-0. Со истиот резултат Лестер славеше на гостувањето кај Брентфорд.
 
Резултати ФА Куп:
 
Брентфорд - Лестер 0:1
Барнли - Норич 1:2
Ковентри - Бирмингем 0:0
Милвол - Шефилд јунајтед 0:2
Њукасл - Оксфорд 0:0
Портсмут - Барнсли 4:2
Рединг - Кардиф 1:1
Саутемпто - Тотнем 1:1
Вест Хем - ВБА 0:1

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе