Шпанецот започнува нова авантура во Челси

Саул објасни зошто заминал од Атлетико: Стагнирав, умот не ми ја прифаќаше новата улога а Симеоне е егоист

Саул Нигез во 5 до 12 направи трансфер во Челси, Шпанецот вели дека морал да ја промени средината бидејќи стагнирал, умот не му ја прифаќал новата позиција и повеќе не бил среќен.

Речиси цело лето имаше шпекулации дека Саул Нигез ќе го напушти Атлетико Мадрид, Шпанецот се поврзуваше со неколку клубови, но ништо не се случуваше. И кога се чинеше дека тој ќе остане на „Ванда Метрополитано“, Челси испрати понуда и во 5 до 12 се реализираше трансфер.

Саул Нигез се сели на позајмица во Лондон а „сините“ ќе имаат опција во целост да го купат.

Во разговор со стримерот Ибаи Љанос, Саул Нигез си ја отвори душата и објасни зошто морал да замине од Атлетико.

„Стагнирав поради тоа што не играв на мојата позиција. Умот не ми ја прифаќаше новата улога“ – вели Саул.

„Имав неколку разговори со Симеоне, ова не е проблем од вчера, се случува со години. Му должам се на Чоло, имам одличен однос со него, но тој е егоист кога е во прашање тимот. Тој мисли дека со мене како лев бек, тимот игра подобро, и затоа го прави тоа. Но со овој трансфер, сите сме победници. Атлетико и Симеоне добиваат играч кој го сакаа (Гризман), а јас се селам во голем клуб, во европски шампион“.

Саул Нигез, кој е фудбалер од средниот ред, во последно време играше како лев бек и одработуваше многу други задачи кои не се типични за него. Чашата била прелиена кога Шпанецот побарал барем на тренинзите да ја одработува својата нормална улога, но добил негативен одговор.

„Побарав од Симеоне барем да тренирам на мојата стандардна офанзивна позиција, за повторно да можам да уживам во фудбалот. Тој ми одговори дека најдобро е да си заминам. Ова е најтешката одлука во мојот живот и се советував со многу луѓе, бидејќи заминувам сам, без сопругата или семејството и едвај зборувам англиски“.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе