Серија А

Сасуоло херојски се избори за бод кај Јувентус со голман кој не бил роден кога Џиџи Буфон дебитирал (ВИДЕО)

Јувентус одигра само 2-2 против Сасуло, гостите херојски се изборија за бод на гостувањето кај шампионот на Италија, иако на голот имаа 18 годишен голман за кого ова беше прв меч во Серија А.

„Старата дама“ може да го загуби лидерското место на табелата по ова коло, избраниците на Маурицио Сари попладнево одиграа 2-2 против Сасуоло. Бонучи го отвори резултатот со прецизен удар од врвотна шеснаесетникот, но само три минути подоцна гостите изедначија. Бога ја избегна офсајд стапицата и мајсторски го лобуваше Буфон за 1-1.

Сасуоло поведе на стартот од вториот дел по серија грешки на домаќините. Квадрадо лошо врати, Де Лихт иако ја стигна топката само му ја подаде на Капуто а капак на се беше лошата интервенција на Буфон кој дозволи токата да заврши зад неговиот грб.

По негативата, Јувентус силно притисна, стигна до изедначување преку пеналот на Роналдо, но победоносен гол изостана. „Бјанконерите“ имаа неколку шанси, но сигурен беше голманот Стефано Турати. 18 годишното момче, кој не бил роден кога неговиот колега од спротивната страна Џиџи Буфон дебитирал, имаше неколку добри интервенции и ги спречи обидите на Дибала и Ремзи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе